На ХС "Лисиче" ќе се градат 6 хидроцентрали

Bez autora
Jan 11 2012

Со изградбата на ХС "Лисиче" жителите на Велес и приградските населби Оризари, Превалец и Речани трајно го решија најгорливиот проблем - водата за пиење. Велешани повеќе немаат недостиг на вода и редукции, а во секое време здрава вода имаат и жителите од највисоките делови на градот кои во минатото со седмици немаа вода. Од езерото на реката Тополка, кај селото Лисиче, кое има капацитет од 24 милиони кубни метри вода, не само што целосно се задоволуваат потребите на велешани, туку сега има доволно вода и коритото на реката Тополка постојано да биде полно и да се наводнуваат поголеми површини плодно земјиште. Покрај тоа што го решивме проблемот со вода за пиење на жителите од Велес, наводнувањето на земјоделските површини и полнење на езерото "Младост" со чиста вода, планираме во текот на оваа и наредните неколку години на браната и цевководот да бидат изградени и шест мали хидроцентрали. За нивна реализација постои интерес и од домашни и од странски инвеститори.

На ХС Со изградбата на ХС "Лисиче" жителите на Велес и приградските населби Оризари, Превалец и Речани трајно го решија најгорливиот проблем - водата за пиење. Велешани повеќе немаат недостиг на вода и редукции, а во секое време здрава вода имаат и жителите од највисоките делови на градот кои во минатото со седмици немаа вода.

Од езерото на реката Тополка, кај селото Лисиче, кое има капацитет од 24 милиони кубни метри вода, не само што целосно се задоволуваат потребите на велешани, туку сега има доволно вода и коритото на реката Тополка постојано да биде полно и да се наводнуваат поголеми површини плодно земјиште.

- Покрај тоа што го решивме проблемот со вода за пиење на жителите од Велес, наводнувањето на земјоделските површини и полнење на езерото "Младост" со чиста вода, планираме во текот на оваа и наредните неколку години на браната и цевководот да бидат изградени и шест мали хидроцентрали. За нивна реализација постои интерес и од домашни и од странски инвеститори. Со овој зафат во целост ќе се заокружи целосната искористеност на водата од браната и Хидросистемот "Лисиче" нема да биде на товар на државата, бидејќи самиот ќе може да си обезбедува приходи - вели Ацо Петров директор на ХС "Лисиче".

Надлежните од Хидросистемот најавија дека оваа година треба да биде дограден и цевководот, во должина од осум километри, преку кој со здрава планинска вода, од акумулацијата кај Лисиче, ќе се полни и езерото "Младост" кај Велес. Досега се изградени два, а Владата веќе ги обезбедила и останатите средства за доградба на уште преостанатите шест километри од цевководот. Со реализацијата на овој зафат од езерото Младост ќе се овозможи, покрај сегашните 700 да се наводнуваат уште 650 хектари под лозови и овошни насади како и поголеми површини под градинарски култури.

Со изградба на систем за наводнување, од водите на велешкото езеро ќе се овозможи во околината на селата Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Комарино и Ново Село да се наводнуваат уште над 1.500 хектари земјоделски површини. Според директорот Петров, приоритетна задача на Јавното претпријатие и покрај целосната обезбеденост на акумулацијата од загадување, во најскоро време треба да бидат изградени четири пречистителни станици на реките Тополка и Врановска, кои се вливаат во акумулацијата Лисиче.

"Пречистителни станици мора да се изградат за пречистување на отпадните води и фекалиите кај Горно и Долно Јаболчиште, во кои живеат околу три илјади жители. Отпадните води од овие села директно се влеваат во притоките кои го снабдуваат езерото Лисиче и кои се закануваат да го загадат. Вакви објекти треба да се изградат и кај селата Горно Врановци и Дреново", вели директорот Петров. Тој истовремено информира дека од Владата на Република Словенија веќе е прифатен и одобрен проектот за изградба на пречистителните станици со што овој проблем во скоро време ќе биде решен. Со заокружувањето и на овој зафат ХС "Лисиче" од Велес во целост ќе го оправда своето постоење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik